Предлог- одлуките за давање согласност за усвојување на планот за поделба на МЈП „Проаква“-Струга со издвојување со основање на  нови друштва и давање согласност за отпочнување постапка за статусна промена на МЈП „Проаква“-Струга, Р.Е. „Водовод“-Охрид, се првите точки кои се на дневен ред на седницата на советот на општина Охрид, закажана во понеделник, 17-ти септември, со почеток во 11 часот.

Советниците ќе расправаат и за изменување и дополнување на буџетот на Општина Охрид за 2018 година, како и за склучување на договор  со избран понудувач за имплементација  на потпроект „Набавка на специјални комунални возила  за општина Охрид“.

На дневен ред ќе бидат и годишните извештаи за работата и материјално -финансиското работење на основните и средни училишта, и годишните програми за работа.

OhridNews