Едно истражување кое Галуп го спровело во САД сугерира дека подебелите лица подолго остануваат невработени. Експертите од таа компанија веруваат дека причина за тоа е што работодавците очекуваат дека подебелите лица ќе имаат повеќе потешкотии со здравјето и дека поради тоа повеќе ќе бидат на боледување.

Новите наоди покажуваат дека подебелите поради потешкотии со здравјето минуваат помалку време барајќи работа, а истражувањето потврдило дека губењето на работното место го зголемува ризикот за наталожување вишок килограми и депресија.