Живко Мукаетов ќе остане на чело на Ракометната федерација на Македонија откако таа точка беше остранета на почетокот од собранието на Управниот одбор.


Меѓу клубовите кои застанаа зад Мукаетов беше и ракометниот клуб Охрид кој заедно со останатите успеа да го разубедат првиот човек на РФМ.

– Јас би сакал да се заблагодарам на довербата. Како што и сами знаете, јас таа оставка ја поднесов од принципиелни причини, бидејќи како дел од тој тим што требаше да обезбеди пласман на ОИ, . Од друга страна, гледајќи дека моментот е специфичен и ја имам поддршката од сите, немам многу избор, пред нас е многу работа, сите заедно да го кренеме квалитетот на ракометот во Македонија. Од тој аспект навистина сакам да ви се заблагодарам, многу ми значи и да ви ветам дека до крајот на мандатот ќе работам напорно за ракометниот спорт да функционира уште подобро. – рече Мукаетов, пренесува „Екипа.мк“.

Мукаетов поддршка доби и од сите репрезентавци кои неговите најави за заминување ги окарактеризираа како почеток на крајот на сениорски ракомет.

Финале пред финалето за „гладијаторите“ во Купот на Македонија

OhridNews