Младиот и извонредно надарен гитарист од Охрид, Дамјан Пејчиноски, кој избори пласман во финалето на “Guitar IDOL“ што ќе се одржи на 12 јуни во Лондон, денеска беше примен од градоначалникот на Охрид и неговиот тим.На средбата општината вети силна поддршка за младите музички таленти кои го афирмираат Охрид и Македонија во светот.


Поддршка со музичкиот виртуоз Пејчиноски

Како што е познато Пејчиноски во силна конкуренција обезбеди пласман во финалето на “Guitar IDOL“ каде ќе настапат само 12 најталентирани гитаристи од целиот свет.Пејчиноски во 2002 година беше прогласен за најдобар гитарист во Македонија, а многумина го сметаат за наследник на легендарниот Влатко Стефановски.

Ohridnews