Во рамките на посетата, на најмладите им беа презентирани придобивките од штедењето и им беа дадени практични совети како да се заштеди.
Денот на штедењето е светски празник кој се прославува на 31 oктомври секоја година. Овој празник започнал да се прославува од 31 oктомври 1924 година, за време на Интернационалниот Конгрес на Банките во Милано, Италија. Претставници од 29 земји имаа за цел да го поттикнат штедењето, да ја потенцираат важноста од штедењето за секој граѓанин во светот како и неговото влијание врз светската економија.