Славната Бијонсе и Џеј Зи потрошиле повеќе од 8000 долари за подароци за новородената ќерка на Ким Кардашиан и Кање Вест. Парот на малата Норт Вест и купил посебни детски чизми од Диор и триделен сребрен сет од Елса Перети Падова со името на детето на нив. Извор близок на парот рекол дека Кање е еден од најдобрите пријатели на Џеј Зи и затоа овој сакал да купи нешто посебно. Тие исто така имаат девојче па знаат кои подароци се пригодни.
Освен тоа, парот во посета на бебето ја повел и звојата ќерка Блу Ајви. Зи пред неколку дена им открил на обожавателите нешто повеќе за себе во најавата за новиот албум ‘Mana Carta Holy Grail’. Она што најмногу изненадило е неговото признание како неговиот татко не го научил да биде машко ниту како да одгледува дете, па затоа сакал да се погрижи се да биде совршено за неговата миленичка.