Непознат американски донатор подарил слика од Пикасо, чија вредност се проценува на повеќе од 10 милиони долари, а ја подарил на универзитетот во Сиднеј, под услов парите да се искористат во научни цели. Сликата „Девојката која спие“ од 1935 година ќе се понуди на аукција која ќе ја организира лондонската куќа Кристи.
Со парите од продажбата ќе се финансира нова установа за истражување на дијабетесот и срцевите заболувања, изјавил портпаролот на универзитетот Мајкл Спенс. Девојката од сликата всушност е Марија-Тереза Волтер, која Пабло Пикасо на запознал 1927 година, кога имал 45 години, а таа 17, и која подоцна му станала љубовница.