Во соработка со Црвен Крст Охрид, учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид успеаја да изнудат насмевка на детските лица, дарувајќи им новогодишни пакетчиња.
Убаво е кога сѐ асоцира на хуманост и емпатија, порачуваат од РЦСОО „Ванчо Питошески“.
Средствата за пакетчињата беа обезбедени од спроведениот хуманитарен предновогодишен музички настан под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!“, кој се одржа на ден 24 декември во дворот на училиштето.
OhridNews