Светски познатиот ликовен уметник со македонско потекло, Мајкл Клос, од Торонто, испрати дваесетина дела – платна и цртежи, кои, ги донира во знак на признателност кон македонското здравство и министерот професор д-р Венко Филипче – лично, односно Инфективниот оддел на Општата болница во Охрид.

Донираните уметнички дела, денеска, 12 август, ќе ги предаде Злата Змејкоска Гашпаревиќ, медицинска сестра во пензија од Општата болница во Охрид, на свеченост што ќе се одржи со почеток во 11 часот во Општтата болница, прилагодена на протоколите кои се применуваат поради пандемијата со Ковид-19.

Кратката манифестација, во организација на Здужението за култура и уметност “Мацково” Охрид – Црвена Вода, ќе биде директно пренесувана на социјалните мрежи и интернет порталот ohridnews.com, кој заедно со „Мега Продукција“  се медиски покровители на настанот.

Мајкл Клос е еден од најплодните и најпрезентираните светски ликовни уметници. Излагал во Руската Федерација, Казахстан, НР Кина, во престижните музеи во Њујорк, во Галеријата на македонската мисија на Обеднитетите нации (ОН), во Рим, Ватикан, како и во својата Македонија.

Директен Пренос од доделувањето на уметнички слики за Македонското здраство од светски познатиот сликар Мајкл Клос

Posted by ohridnews.com on Wednesday, August 12, 2020

Зад него стојат речиси 300 самостојни и групни изложби, во педесетина земји во светот, десетици ликовни колонии…

Делата , често пати, ги донира за да им помогне на добротворните организации.

OhridNews