Од МВР информираат дека вчера, околу 12.30 часот во аптека на улица „Македонски просветители“ во Охрид, 27-годишен охриѓанец извршил разбојништво и со закана со пиштол од вработената одзел лекови. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ова е второ пријавено разбојништво викендов во СВР Охрид. Вчера, околу 03.00 часот во било пријавено дека тројца непознати сторители извршиле разбојништво на бензинска пумпа во село Ново Село и одзеле околу 12.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews