На денешниот состанок, Комисијата за заразни болести разговарала за дополнително попуштање на мерките односно за отворање на затворените спортски центри помеѓу кои се фитнес центри, базени и други. Тоа би требало да се случи до крајот на оваа недела.
Донесена е одлука да се предложи на Владата да се отворат теретаните, фитнес центрите, базените и други. Мерките и протоколите ќе бидат многу строги бидејќи се уште се соочуваме со пандемијата на вирусот Ковид -19. – изјави Министерот за здравство, Венко Филипче.
Затворените спортски центри беа помеѓу првите кои затворија, а помеѓу последните кои ќе започнат со работа. Многу пати до сега, сопствениците повикуваа за помош и посебни мерки и протоколи за отворање на спортските центри.
Во Охрид има десеттина фитнес центри и теретани и затворени пливачки базени во склоп на хотели во кои пливачки школи ги извршуваат редовните тренинзи.
OhridNews