Романската влада ќе ја повлече уредбата за декриминализација на некои коруптивни дејствија, соопшти денеска премиерот Сорин Гриндеану пред чиј кабинет во вечерва се собрале според проценките на медиумите околу 140.000 демонстранти кои околу Палатата на парламентот формираа синџир од луѓе, пренесува „Макфакс“.
„Во недела ќе одржиме вонреден состанок за да ја повлечеме уредбата за корупција и за го најдеме вистинскиот начин за нејзино сузбивање.“, изјави романскиот премиер Сорин Гриндеану во говорот пренесуван на телевизијата.
Владата на Романија ја прифати уредбата во вторникот вечерта, којашто би се однесувала на тековните истраги и судења, како и на новите случаи. Криминалната негрижа повеќе не би била кривично дело, а дефиницијата на судирот на интересите е стеснета, така што, на пример, криминалот кој би се случил на меѓу членови на исто семејство. Доколку биде спроведена, како што е планирано во рок од десет дена, уредбата ќе овозможи, меѓу другото, и декриминализација на злоупотребата на службените овластувања во кои сумите не минуваат над 200.000 леи, или 48.000 долари.
Со тоа би се прекинала тековната постапка против претседателот на Социјалдемократската партија (PSD), Ливиу Драгнеа, обвинет дека го користел политичкото влијание за да обезбеди плати за две лица кои работеле во штабот на неговата партија во периодот од 2006 до 2013 година. Нему му беше забрането да ја преземе должноста премиер по изборите во декември, поради можноста да биде осуден во судскиот спор поради корупција.
Меѓутоа, и десетици други политички функционери од сите политички партии во Романија би требало да имаат полза од оваа владина уредба.
Од вторникот стотици илјади Романци секоја вечер протестираа против оваа уредба ширум земјата, бидејќи со неа и веќе осудените лица за корупција би биле ослободени, а би биле прекинати и започнатите процеси.
Од PSD претходно најавија дека уредбата ќе стапи на сила на 10-ти февруари на полноќ
Уставниот суд на Романија во меѓувреме примил три петиции со барање да ја преиспита законитоста на уредбата којашто, исто таа, беше критикувана и од Европската унија и од САД.
OhridNews
извор: „Макфакс“