Поради се поголемото глобално затоплување и топењето на мразот, истражувачите на американската Национална океанска и атмосферска администрација во близина на Алјаска пронајдоа остатоци од два потонати брода наменети за лов на китови, кои датираат од 19 век. Остатоците се пронајдени во близина на гратчето Вејнрајт на северозападниот брег на Алјаска.
Двата брода се дел од флота која била сочинета од 33 брода за лов на китови кои потонале во далечната 1871 година. Во тоа време, според податоците, на бродовите имало 1200 уловени китови, додека голем број од членовите на екипажите успеале да се спасат. Тимот археолози пронајде остатоци од два брода, а под ладната вода и мразот се ископани и сидра, ланци и опрема за ловење китови.