Под мотото „Сите треба да имаме едно дрво“ денес на плоштадот во Охрид беа поделени фиданки од даб, багрем и бука на граѓаните со цел истите да ги посадат во своите дворови.
Акцијата ја спроведе Здружението „Harvest Cooperative“, а фиданките ги делеа заедно со учениците од ПСУ „Јахја Кемал“ од Струга.
Оставаме наследство на идните генрации, за зелена природа, чист воздух, сенка за одмор и свежо овошје од гранката. Потребна е поголема грижа од страна на граѓаните за животната средина судејќи по денешниот интерес од граѓаните. Но, и не е само да садиме, туку мора и да ги одгледуваме дрвјата, да растат. Не е целта да оставиш некоја гранка некаде и да мислиш дека ќе порасне. Мора да ги следиме во развојот, вели претседателот на здружението, Сезер Акин.
Годинешнава акција потенцира дека започнала со донација на 5000 садници кои со сопствени средства ги набавило здружението.
Годинава започна акцијата, но истата ќе прерасне во традиција и донации ќе се собираат преку цела година со цел следната година да поделиме повеќе фиданки. Секој којшто сака може да донира средства со кои ќе се набавуваат садници, додава Акин.
Во акцијата се вклучени и голем број училишта од целата земја кои младите фиднаки ќе ги засадат во училишните дворови и понатаму ќе се грижат за тие дрвја.
Н.С.Ј.