Светскиот ден на здравјето, 7 април се прославува секоја година со што се одбележува и денот на основањето на Светската Здравствена Организација (СЗО). СЗО е посебна организација на Обединетите нации која делува како кординативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето на СЗО е во Женева, Швајцарија. Онована е на 7 април 1948 година од Обединетите нации. СЗО е наследник на Здравствената организација (Хеалтх Организатион), агенција на Лигата на нациите.
Секоја година, СЗО избира клучен глобален здравствен проблем и на 7–ми април, но и во текот на целата година, организира меѓународни, регионални и локални манифестации за да ја истакне важноста на избраниот глобален здравствен проблем.