Првата фаза ја поминаа неколку компании од Израел, Португалија, Франција, Унгарија, Австрија, домашната компанија Гранит, компанија од Грција, Турција и Индија.
Изборот на конзорциумот ќе зависи од концесискиот надомест што треба државата да го добива, како и од субвенциите кои ќе ги бараа компаниите поради недоволната фреквентност на македонските патишта.
Под концесија се даваат два пакета патишта. Во првиот пакет се опфатени патните правци во источниот дел од земјава.
Вториот пакет ги опфаќа патните правци Стенковец – Блаце, Гостивар – Ќафасан, Требениште – Охрид, Струга –Подмоље, патната делница Гостивар – Букојчани – Кичево, Кичево – Требениште, Требениште – Струга, Струга – Ќафасан и Струга – Подмоље како и веќе изградениот автопат Скопје – Тетово – Гостивар.
Вкупната должина на проектот е 380 километри пат низ државата кои треба да биде финализиран кон средината на следната година.
Патиштата ќе бидат под концесија 35 години,а концесионерите ќе имаат осум години за изградба на патиштата, се очекува изградбата на патиштата концесионерите да ги чини над милијарда евра.