Под контрола е ставен пожарот во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина во реонот помеѓу селата Слоештица, Брежани и Плаќе, но сеуште не е целосно изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На гаснењето на пожарот во Демир Хисар, од Јавното претпријатие Национални шуми, на терен се излезени две возила и осум вработени од подружницата од Ресен, едно возило и четворица вработени од подружницата од Охрид и осум вработени од подружницата од Демир Хисар со ТППЕ и четворица волонтери, информираат од Јавното претпријатие Национални шуми.
Пожарот кој вчера избувна зафати ниска вегетација, а во гаснењето во текот на вчерашниот ден беа вклучени и два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Н.С.Ј.
фото. ЈП Национални шуми