Државниот инспекторат за труд во првата половина на јуни затворил 29 фирми поради непријавени работници.
Инспекторатот во периодот од 1.6 до 15.6.2009 година, извршил вкупно 1861 инспекциски надзор од областа на работните односи. При тоа затекнати биле вкупно 112 непријавени работници. Покрај донесените 48 решенија за забрана на работа на работодавачот, пријавени биле 39 работници. Донесени се и 29 решенија за забрана на работа во траење од 30 дена поради затекнати непријавени работници и неплатени придонеси, како и 65 решенија за отстранување на повреди на законот и други прописи.
Инспекторат поднел и 31 барање за поведување на прекршочна постапка.