Американецот Едмонд Авив кој признал дека со години ги малтретирал соседите и нивните хендикепирани деца, осуден е на јавно место да држи натпис „Јас сум насилник“. Како што пренесуваат американските медиуми, 62-годишниот Авив од Охајо морал на една прометна крстосница во Кливленд пет часа да седи со натпис на кој пишувало „Јас сум насилник! Малтретирам деца со посебни потреби и не сум толерантен кон оние што се поинакви од мене“. Автомобилистите кои минувале го засипувале со разни навреди и му свиреле.
На суд било востановено дека Авив 15 години ги вознемирувал своите соседи Сандра и Мајк Пру и нивните деца кои патат од церебрална парализа и епилепсија. Освен јавниот срам, Авив мора да отслужи и казна затвор од 15 дена, 100 часа оптшокорисна работа и да напише писмо со извинување до своите соседи.