Ноќеска во 03:30 часот, на улицата „Егејска“ во Охрид, лишен од слобода бил 42-годишен жител на село Долно Лакочереј.

Тој претходно, на улицата „Железничка“ управувајќи џип со охридски регистарски ознаки, не застанал и избегал од полициската патрола која се обидела да го сопре возилото. Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Егејска“ при што било констатирано дека тој, моторното возило го управувал под дејство на алкохол, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицето е исклучено од сообраќај и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.

OhridNews