Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје, денеска во 9:39 минути регистрираа земјотрес со епицентар на околу 140 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија.
Земјотресот беше почувствуван во Охрид, Струга, Дебар и Ресен со интензитет од III до IV степени според Европската Макросеизмичка скала.