Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран денеска во 12 часот и 31 минута во охридското епицентрално подрачје, 120 километри југозападно од Скопје.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван во Охрид и Пештани со интензитет од четири степени, а во Струга и Ресен со интензитет од три степени.