Четиринаесеттото издание на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше Здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“, е посветено на летото, на неговите убавнини, но и предизвици, што од здравствен аспект ги носи ова годишно време. На 40 страници „Наше Здравје“ и овој пат донесува актуелни теми, советти и едукативни содржини во функција на заштита на здравјето и подобрување на здравствената култура кај нас.
Започнуваме со мега разговорот со д-р Васко Василевски посветен на темите од областа на гастро-ентерохепатологијата, па преку корисните фармаколошки совети на Олгица Христовска од Специјалната очна болница Деница финишираме со исклучително корисните редови на д-р Станка Танчева кои изобилуваат со важни совети за тоа како да го поминеме летниот одмор кога сме со бебе или со помало дете. Секако тука се и текстовите на д-р Елена Сотироска за деменција, на д-р Мичун Мичуновиќ за „карпален тунел“, како и страниците пополнети од денталните професионалци од Стоматолошкиот центар „д-р Баткоски“. – вели уредникот на магазинот м-р Марица Угриновска Баткоска.
Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да го најдете во некоја од единаесетте аптеки на „Виа Фарм“ во Охридско-струшкиот регион, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид и други препознатливи места во опкружувањето.
OhridNews