Со повеќе пригодни свечености Охрид во наредните три дена ќе го одбележи патрониот празник Свети Климент Охридски- заштитникот на градот и на Македонската православна црква. За прв пат свеченостите оваа година се поместени во три дена. Тие започнуваат со денеска на пладне во салонот на уметностите во НУ Центар за култура “Григор Прличев” со Творечка лабораторија на која ќе биде претставен портретот на Вангел Деребан, човекот со златни раце.
Чествувањата ќе продолжат попладне со промоција на книгата поезија “Играјте местово е свирено” од Иван Паунчев ( Салон на уметностите во НУ Центар за култура “Григор Прличев” 17ч.). Денешните чествувања ќе бидат заокружени со промоцијата на на книгата “ Народни кажувања” од Трајко Најдески, што ќе се одржи во Прличевата одаја во НУ градска библиотека “ Григор Прличев” во 19ч.
Свеченостити по повод патрониот празник на Охрид ќе има и утре и задутре.
ohridnews