“Ќе се онесвестев кога ја видов листата на добитници на наградата. Има легендарни поети, меѓу кои и неколку Нобеловци.“ – вели лауреатот на Струшките вечери на поезијата Адам Загајевски. Тој денеска, традиционално. засади дрвце во паркот на поезијата.

Поезијата на Загајевски тесно е поврзана со клучната годинашна тема на фестивалот – егзилот.

“Бев протеран кога имав 4 месеци, не се сеќавам на тој момент. Мојот цел живот е сеќавање на тоа што сум го изгубил заедно со другите што ги изгубија своите домови, села, градови. Кога ќе изгубите нешто на четири месеци значи дека кога ќе пораснете вие не сте дома. Тоа не е место што може да го наречете дом. Среќен сум што живеам во Краков, но моите пријатели забележуваат дека јас не сум роден таму. Домот е нешто што ви е дадено само еднаш“ – рече Загајевски.

Струшките вечери на поезијата ја преведоа и објавија поезијата на Загаевски на англиски, македонски и полски јазик, во капитално издание на 800 страници, најголемото до сега, посебно значајно за библиофилите. Загајевски е вториот полски поет добитник на Златниот венец по Тадеуш Ружевиќ 1987 години.

 

Годинава Струшките вечери на поезијата имаат една сеопшта тема која го проникнува фестивалот, а тоа е егзилот и пишувањето во егзил истакна директорот на фестивалот Мите Стефоски.

„Оваа тема е присутна воопшто во историјата на книжевноста и во судбината на сите поети, од најстари времиња до денес. Тоа ќе го чуеме и во поезијата на најстариот поет присутен тука, лауреатот до најмладиот учесник, кој има песна посветена на оваа тема. Егзилот е и сценографски концепт или визуелниот дел на фестивалот. – потенцираше Стефоски.

Тој додаде дека СВП се космополитски фестивал кој зборува на сите јазици.

„Поезијата се создава на мајчин јазик и ние го презентираме творештвото кое е е создадено на мајчин јазик, а со тоа овозможуваме поеизјата да стигне насекаде. Фестивалот е создаден од македонските писатели за зачувување на македонскиот јазик и афирмација на македонската книжевност, но тој не припаѓа само на Струга и Македонија, туку на целиот свет, и целокупата книжевност.“ – рече Стефоски.

Во рамки на фестивалот фоајето на хотоелот „Дрим“ беше отворена изложба „Челични Мисли“ од Маја Танева.

Струшките вечери на поезијата ќе беа отворени вечерва пред Домот на културата во Струга со палење на фестивалскиот оган и читањето на антологиската „Т’га за југ“ на македонски и англиски јазик, по што продолжи со традиционалното читање „Меридијани“ на сите поети учесници на фестивалот.

Фестивалот за отворен го прогласи министерот за култура Асад Адеми, кој се обрати на македонски, албански и англиски јазик. Тој истакна дека поезијата е исклулително важна за секоја нација, но и за човештвото воопшто. Верувам дека сите ние ќе ја разбереме големината и суштинската важност на манифестацијата. Да живеат поезијата и Струга. – рече министерот Адеми.

Годинава на Струшките вечери на поезијата гостувааат 30 поети од 29 земји, плакатот на фестивалот, дело на дизајнерот Лазар Трипков, со стихови од Адам Загајевски е направен на 27 јазика.

OhridNews