Од денеска, 9 септември, со работа почнуваат установите за згрижување и воспитување на деца – детски градинки и центри за ран детски развој.
Тие ќе работат согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца. Претходно во установите за згрижување деца се изврши дезинфекција на просторот и дворовите, како и на целата опрема и инвентарот.
Покрај ова секоја установа треба да обезбеди доволна количина на лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените, како и средства за одржување на општа и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот и задолжително треба да има бесконтактен термометар на влез на установата.
Дезинфекција на просториите, подовите и предметите е задолжителна на секои два часа во текот на денот. Задолжително е проветрувањето на просториите во согласност со временските услови и не се користи вештачка вентилација.
Престојот на децата, пак, треба да се организира на начин на кој ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено и во мали групи. – изјави министерот Филипче.
Градинките во државата имаат капацитет за 19.000 деца, а интерес пројавиле родители на 14.000 деца.
OhridNews