Денеска ( во Охрид во 4:33 ч.) започнуваат Рамазанските пости. Времето на ифтарот, кога завршува постот, денеска во Охрид е во 18:59ч.   

По повод месецот на Рамазан порака до муслиманските верници во Македонија упати Реисул Ул – Улема Сулејман ефенди Реџепи:

Почитувани верници, браќа и сестри, со љубов и почит кон нашиот Творец го започнуваме  и овој месец на Рамазан, месец на радоста и на среќата. Искрените муслимани во овие денови мораат да си подадат рака еден на друг, но особено треба да покажат солидарност кон тие што имаат потреба за помош. Нашите ибадети во текот на Рамазанот остават подлабоки траги, а добрината и љубовта кон луѓето секако треба да бидат по изразени бидејќи така не учи Исламот.

Овој месец нека биде израз на нашето единство и на нашето братство, но и месец во кој што конечно ќе им ставиме крај на некои аномалии кои што го пратат нашето општество. Како припадници на Исламот, ние сме должни да бидеме носители на духот на толеранцијата. Соработката меѓу себе и со другите треба да биде наше мото со кое што ќе ги изразиме вредностите на Исламот. Наш стремеж треба да биде воспитувањето и развојот во сите области. Нека Ви е среќен и бериќетен Светиот месец Рамазан, се вели во пораката на Реисул Ул – Улема Сулејман ефенди Реџепи.

ohridnews