Со изложба на  ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура, и свеченост во основното училиште „Григор Прличев“, во Охрид денеска ќе започнат чествувањата со кои ќе биде одбележана 117 годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник, Григор Прличев.

И годинава централно место зазема културната манифестација „Прличеви беседи“ во чии рамки денеска во Центарот за култура ќе се одржи врачувањето на повелбата и наградата  за најдобра поема за 2009-та, на писателот Михаил Ренџов. Во 14 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“, во рамки на „Прличева визита“ ќе бидат промовирани неколку творечки дела. Свечените содржини во рамки на првиот ден од празнувањето ќе завршат со ликовна изложба и свечена приредба на учениците од ОУ „Григор Прличев“.

Свеченостите посветени на гоемиот преродбеник ќе продолжат и во сабота на 6-ти февруари, со полагање на свежо цвеќе на споменикот и гробот на Григор Прличев и со „Прличева беседа“ во Спомен куќата на Прличев.

Ohridnews