Предизборните активности на коалицијата „Сонце – Коалиција за Европа“ во 5-та Изборна единица започнуваат денеска со прес конференција, што ќе се одржи во седиштето на општинската организација на СДСМ во Охрид.

Како што е најавено, на средбата ќе присуствуваат претседателите на општинскиот и регионалниот изборен штаб за 5-та ИЕ, како и кандидатите за пратеници од Охрид на изборната листа „Сонце – Коалиција за Европа“.

На прес конференцијата,   ќе бидат претставени принципите, начелата и насоките, според кои ќе се реализира претстојната изборна кампања на „Сонце – Коалицијата за Европа“ предводена од СДСМ.

ohridnews