Од денеска, почнуваат подготовките во Спортската сала „Билјанини Извори“ да стане регионален вакцинален центар, откако на вчерашната средба со претставникот од Министерството на здравство Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, Директорот на Општата болница Др. Горан Балевски и Директорката на ЈП „Билјанини Извори“ Гордана Јовановска ги дефинираа сите детали.

Спортската сала ќе биде комплетно испразнета од реквизитите, просторот ќе биде ослободен, а сите спортски натпревари се откажани, – се вели во соопштението.

Во регионалниот вакцинален центар предвидено е да има 14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација, 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. За потребите набавен е нов агретат за фрижидерите каде што се чуваат вакцините и оптички интернет за компјутерскиот центар на министерството за здравство.

Во Охрид ќе се вакцинираат граѓаните општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.

OhridNews