Денеска почнуваат Петрови пости кои ќе траат до Петровден, 12-ти јули. 

Овој пост е востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле  кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ светот и со својот пример ги учеле учениците во делата на спасителното служење. Траењето на постот е различно и зависи од периодот на празнување на Пасха.

Тој започнува во понеделниот на сите Светии, чија дата е подвижна, а завршува на 12 јули. Најголемо траење на периодот на Петровиот пост е шест недели, а најмалку една недела. 

Според правилото, во понеделник, среда и петок се пости без масло, во вторник и четврток се пости со масло, а во сабота и недела се дозволува риба. 

Инаку Православната црква денеска го одбележува споменот на Светиот апостол Карп, Светиот апостол Алфеј, Преподобен Јован Психаит и Светиот новомаченик Александар Солунски.

OhridNews