Почнуваат натпреварите од Купот на Македонија. Во 1 коло ГРК Охрид дома ја пречекува екипата на Младост 1977 од Богданци. Победата е императив, велат од клубот.
Младост е добра, комбинирана екипа составена од млади и постари играчи кои исклучително се трудат и се на пат кон влегување во Супер лигата. Ние и покрај ремито во Езерското дерби, во куп натпреварот со Младост влегуваме мирно, сталожено и со ладни глави. Како и на секој натпревар до сега максимално ќе се потрудиме да извојуваме победа, вели ракометарот Владимир Наумоски.
Натпреварот ќе се одигра во сабота, 10 декември, со почеток во 17:30 часот во салата „Билјанини извори“.
OhridNews