Синоќа беа комплетирани патниците во осминафиналето на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино.

Резултати петок, 23 август 

Ристе ви бој – Рики мебел 8:0
Аце Најдески – Малче Саунд 7:0
Дооел Ноче – Ресторан Дедо Димо с.Куратица 3:0
Ескобар – Инекс Олгица 2:5

Осминафиналните пресметки почнуваат вечерва, а ќе бидат комплетирани во недела.

1/8 финални натпревари

Сабота 24.08.2024

19:30 Кафе бар 9 – Ростушки Тигри
20:30 Авто сервис Василески – Др.Баткоски
21:30 ПН Метал – Аце Најдески
22:30 Ристе ви бој – Брумел

Недела 25.08.2024

20:00 Рес.Станица Викса пром – Дарко пиле
21:00 Инекс Олгица – Волино мк
22:00 Црногорци – Сатеска
23:00 Асп Пак – Дооел Ноче

Наградниот фонд на турнирот изнесува 250 000 денари, а првопласираната екипа ќе инкасира 140 000 денари. Предвидени се парични награди и за второпласираната, третопласираната и четвртопласираната екипа, како и награди за најдобрите поединци.

Финалето на турнирот се игра на 28 август.

Г.М.