Охрид од денеска до 26 јули, ќе биде домаќин на холандскиот филм. Станува збор за проектот „Високи достигнувања  од ниската земја (Холандија)“, кој го организира Здружението на граѓани “Јавна соба“ од Скопје, во соработка со фестивалот “Охридско Лето“, Центарот за култура “Григор Прличев“ и Општина Охрид.

Како што беше соопштено на прес конференцијата што се одржа денеска,  селектор на програмата е Рада Шешиќ од Холандија, која специјално за Охрид, има одбрано летна, на хумор базирана филмска програма, која има за цел до солзи да ја насмее домашната и странската публика. Полска невеста, Кармен го сретнува Борат, Еротски приказни, Симон, Црна Книга се дел од програмата на холандски филмови. Сите филмови се добитници на награди на меѓународни филмски фестивали.

Филмовите ќе бидат прикажани на отворено, во дворното место пред дирекцијата на Охридско лето, со почеток во 21.30 часот. Влезот ќе биде слободен за сите посетители.

Ohridnews