Екипите на Лакочереј и Рудар в недела во 15 часот ќе ги отворат возбудувањата во бараж мечевите во Општинската фудбалска лига.

Натпреварот се игра на „Атина Бојаџи“ стадионот, а победникот од овој дуел ќе се сретне со подобриот од мечот помеѓу Дебрца – Воска.

Победникот на бараж турнирот обезбедува пласман во Третата македонска фудбалска лига, каде веќе се натпреваруваат Охрид и Сатеска.

OhridNews