И ова полугодие не мина без проблеми, а за некои одделенија учебниците се уште доцнат. Министерот за образование и наука Никола Тодоров објасни дека учебниците за четврто и за седмо одделение, по предметите музичко, ликовно и физичко и за граѓанско образование, доцнат зашто е потребен уште еден тендер кој законски не може да биде распишан во иста година со првиот.
Тодоров смета сека тоа сигурно ќе се одрази врз квалитетот на наставата, и најави дека министерството ќе направи се во второто полугодие навремено да ги достави учебниците.