По зимската пауза викендов продолжува првенството во Првата кошаркарска лига на Македонија.
Кошаркарите на Охрид пред своите поддржувачи денеска ја пречекуваат екипата на Кожуф од Гевгелија. Натпреварот е од големо значење за охриѓани кои ќе водат жестока битка за опстанок во лигата.
Натпреварот ГКК Охрид – КК Кожуф во салата „Билјанини извори“ почнува во 18 часот.
Г.М.