Вечерва од 19 часот на отворената сцена на игралиштето во Вевчани, започнува официјалната програма од годинешниот Вевчански карневал што годинава се одржува под слоганот „Напрај се Василичар“.
На сцената утре, учество ќе земат DJ Todoroff, македонското поп-рок дуо Eye Cue, Brass Brothers и Влатко Лозаноски.
На 13-ти јануари, ќе се одржи традиционалното дефиле на маските. Во вториот дел од програмата, односно, од 21 часот ќе настапат македонските музички фолк ѕвезди Дамјан Стојановски, Татијана Стојановски, а на полноќ со традиционален огномет и трубачи ќе биде дочекана Старата Нова Година.
По дефилето, на 14-ти јануари, според паганските обичаи, маските ќе бидат запалени.
За прв пат, оваа година, организацијата за Вевчанскиот карневал вклучува и традиционално гурманско шоу со Бранко Попоски, македонскиот food blogger со вевчанско потекло, познат по проектот Cooking with Branko. Тие најавуваат претставување на традиционални вевчански јадења кои што се подготвуваат специјално за карневалот.
OhridNews