По неколкуте пробни улови, денеска официјано ќе биде означен почетокот на ловот на охридската пастрмка за потребите на вештачкиот мрест.

По завршувањето на сезоната на забрана за риболов, позната како „татиљот“ деновиве екипи на Хидробиолошкиот институт го запоочнаа ловот за потребите на вештачкиот мрест. За потребите на вештачкиот мрест на охридската пастрмка, Министерството за земјоделство на Р. М. годинава одвои 4,5 милиони денари. Од нив, Хидробиолошкиот институт ќе добие три, а мрестилиштето Шум 1,5 милиони денари, најмногу средтва што досега биле издвоени од државата за порибување на Охридското Езеро. Министерството ќе вложи и дополнителни 1,2 милини денари во изградбата на биофилтерот во новото мрестилиште на Хидробиолошкиот институт, што започна да се гради неодамна.

Пробните улови покажале дека состојбата со рибниот фонд на пастрмка е малку подобрена. Според експертите од Хидробиолошкиот институт, пастрмката во Охридското Езеро се враќа во своите природни мрестилишта, што охрабрува дека годинава можат да се соберат 3,5 милиони икри потребни за успешно извршување на вештачкиот мрест.

Г. Момироски