Денес на терените за одбојка на песок во Охрид на плажата Бафало, компаниите ќе го отворат овогодинешниот, четврти по ред, турнир во одбојка на песок, Beachvolleyball Охрид 2009.

Аматерскиот турнир, кој ќе започне на 20 Јули, ќе биде увертира на професионалните играчи, кои од 24 до 26 јули ќе се натпреваруваат во Сениорска и Јуниорска категорија.

Организаторите на турнирот Beachvolleyball Македонија и Одбојкарската Федерација на Македонија ветуваат и оваа година многу забава и одлична одбојка на песок.

ohridnews