Започнува третото издание на натпреварот за најдобра хорор фотографија „Sinister Days“организиран од порталот за фотографија Revoshot, позади кој стои oхриѓанецот Јане Наумоски
„Овој натпревар е наш скромен придонес кон поттикнувањето на творењето во овој жанр, како и можност повторно да ја истакнеме разноликоста, креативноста и моќта на хорор фотографијата.“ велат организаторите Јане Наумоски и Ерина Богоева и Димитар Атанасов, кои се основната движечка сила на Revoshot, а воедно и жири на натпреварот.
Натпреварот е отворен за сите кои ќе најдат инспирација во хоророт за да направат одлична фотографија. Еден учесник може да испрати неограничен број на фотографии. Фотографиите може да се испраќаат до 18.11.2016 на следниот ЛИНК.
Задолжително е фотографиите да бидат сопствено авторско дело, и тоа во целост — фотографиите што не се на авторот, како и фотографиите со делови од туѓи фотографии монтирани со помош на Фотошоп (или другаалатка за средување на фотографии) нема да бидат земени предвид.
За најдобрите три фотографии следуваат симпатично страшни награди.Наградата за прво место е фигура на синонимот за хорор – Фреди Кругер.
Второто место ќе се закити со модел на череп.
Добитникот на третата награда ќе може да наздрави со чаша во форма на череп.
Графичкиот дизајн на кампањата и оваа година е дело на познатиот Гоце Велески.
OhridNews