Светското првенство во ракомет од денеска до 2 февруари ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. На првиот ден се закажани четири натпревари. Првенството ќе биде отворено во 17:30 часот со натпреварот помеѓу Италија и Тунис во Хернинг, а два натпревари ќе се одиграат во Пореч.

Распоред за првиот ден од Светското првенство:

17:30 Италија – Тунис (Хернинг)
18:00 Франција – Катар (Пореч)
20:30 Австрија – Кувајт (Пореч)
20:30 Данска – Алжир (Хернинг)

Најмногу внимание привлекува натпреварот меѓу Франција и Катар од групата Ц, кој ќе се игра во Пореч. Французите како и секогаш се едни од фаворитите за освојување на натпреварувањето, но Катар е непријатен противник со голем број играчи од други земји – Куба, Босна и Херцеговина, Црна Гора… Од клупата ги предводи Веселин Вујовиќ.

Македонија на Светското првенство ќе игра во групата Д заедно со Гвинеја, Холандија и Унгарија. Натпреварите четата на Кире Лазаров ги почнува на 15 јануари, среда, против Унгарија (20:30 часот.)

Г.М.