По повод почетокот на Рамазанските пости, порака до верниците за духовен мир, неѓусебно разбирање и толеранција упати поглаварот на исламската верска заедница во Македонија реис ул улема ефенди Сулејман Реџепи.
-Благословениот Месец Рамазан им го честитам на сите муслимани во земјата и надвор од неа. Тоа е месец на постот и саможртвата, поттикнати од длабокото верување во единствениот и семоќен Алах. Преку вас рамаданската честитка ја упатувам до сите верници, било каде да се наоѓаат со желба нивниот живот да го осветлува овој месец. Духовниот мир засекогаш да биде со нив, да надвладее доброто, меѓусебното разбирање, братството, толеранцијата и меѓусебната социјална поткрепа, рече ефенди Реџепи во пораката по повод почнувањето на светиот месец Рамазан.