Верниците од исламската вероисповед денеска го започнуваат рамазанскиот пост кој трае 29 дена. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење и други физички задоволства.
По повод почетокот на Рамазанските пости поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, упати честитка со верниците.
-Посакувам празникот да ви донесе мир во душата, благодет во семејството , љубов и милост кон вашите околу вас, вели во честитката на поглаварот на ИВЗ по повод започнувањето на светиот месец Рамазан.