Верниците од исламската вероисповед го почнуваат рамазанскиот пост кој трае 29 дена. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење и други физички задоволства.

По повод почетокот на Рамазанските пости поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, упати честитка со верниците.

– Во месецот Рамазан започна објавата на Чесниот Куран, објавата на најубавите мисли кои што јасно ги разграничуваат вистината од лагата, доброто од лошото, убавото од грдото.

Овој месец е симбиоза на сето тоа што може да се изрази само преку постот, затоа, го молиме Севишниот Аллах да ни овозможи уште еднаш да го исчистиме и да го воздигнеме нашиот дух, со што ќе бидеме по убедени и по близу до Бога.

Постејќи во текот на овој величествен месец ние ќе ја сфатиме по длабоко болката на гладните луѓе, ќе ги почувствуваме маките на сиромашните, на бедните и на немоќните луѓе.

Браќа и сестри, Вам и на вашите семејства нека ви е среќен и бериќетен Благословениот месец Рамазан и заедничко да го моламе Возвишениот Алах за да го прими од нас постот, и за тоа, Тој да не награди со своите ногранични награди. -се вели во честитката на поглаварот на ИВЗ по повод започнувањето на светиот месец Рамазан.

OhridNews