Верниците од исламската вероисповед утре, го почнуваат рамазанскиот пост кој трае 29 дена. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење и други физички задоволства.

По повод почетокот на Рамазанските пости порака до муслиманските верници испрати премиерот Оливер Спасовски..

Во најблагородниот месец за муслиманите, кога преовладува духот на љубовта, трпението и дарежливоста, да се справиме со предизвици и да ги ублажиме последиците предизвикани од #COVID19. Рамазанскиот пост верниците да го поминат во слога и спокојство на домот, во добро здравје. – порача преку социјалните мрежи Спасовски.

OhridNews