Во Основниот суд во Охрид, денеска, треба да започне судскиот процес за двојното убиство што минатата година во месец август се случи во угостителскиот објект „Император“ на ул.„15ти Корпус“, кога од огнено оружје смртно беа застрелани сопственикот Васил Р(56). и Ромео Ѓ(38).

Осомничениот за убиството Б.П.(31), жител на Охрид, кој воедно е првооббвинет во процесот, веднаш по настанот се дадеде во бегство и беше недостапен за органите на прогонот речиси шест месеци по што по распишана меѓународна потерница беше фатен во Албанија, а подоцна беше екстрадиран во Македонија.

Со него за време на убиството имало уште едно лице, кое веднаш беше приведено.

OhridNews