Денес, во Кривичниот суд во Скопје, почнува судењето против Љубе Бошкоски, лидерот на партијата „Обединети за Македонија.

Бошкоски се товари за нелегално финансирање на изборната кампања на неговата партија во јунските предвремени парламентарни избори и за злоупотреба на службената положба. Осомничен е дека во неколку наврати од донатор примил пари за изборната кампања што не ги пријавил.
 
Полицијата го уапси Бошкоски на 6-ти јуни, ден по одржувањето на предвремените парламентарни избори. Тогаш во неговото возило беа пронајдени 100.000 евра. Оттогаш Бошкоски, веќе три месеци,  се наоѓа во притвор во Шуто Оризари.

OhridNews