Во Основниот суд во Охрид денеска започна судскиот процес против Лазо Радески, обвинет за убиството на Трајче Цоцески во 2008 година, уличен продавач на девизи од Охрид. Радески се сомничи за убиството на Спиро Ставрески во 2007 и Раим Ракип во 2006 година. 


За време на истрагата сега обвинетиот го признал убиството на Трајче Цоцески а во продавницата каде што работеше беа пронајдени траги од крв и парите кој тој ги одзел од жртвата. Судскиот процес ќе го води судијката Милка Танеска. Обвинетиот со полициска придружба беше доведен во зградата на Основниот суд нешто пред 11 часот. Судењето почна со исказ на обвинетиот.

Ohridnews.com