Скопската Клиника за кожни болести, која пред три недели беше затворена по позитивниот тест на коронавирус на директорката, од денеска почнува со работа.
Поради фактот дека директорката и покрај престојот во Италија не отишла во самоизолација и одела на работното место една недела, по што одржала и предавање на симпозиум, Кожната клиника веднаш беше затворена, а сите оние кои имале контакт со неа завршија во домашна изолација. По извршените тестирања шест од лицата во изолација беа позитивни на корона вирусот.
OhridNews